| четврток, 6 декември 2018 |

Женскиот тенис станува атрактивен, нема трети сет за тенисерките

Тоа ќе ни помогне многу да ги задржиме навивачи во седиштата. Голема е веројатноста дека ќе седат и ќе го гледаат целиот натпревар, кој би бил многу побогат со акции. Во средината на сетовите не постои резултатска драма и сметам дека ќе мора да погледнеме многу работи што се однесува до промените. Пред се ова е поради интересот на луѓето кои сакаме да го задржиме нивното внимание, изјави Симон

Во последните неколку години владее мислењето дека во женскиот тенис е многу здодевен, па поради тоа челниците на ВТА размислуваат да направат радикална промена. За тоа дека женскиот тенис е во голема криза, говори и фактот дека голем број од тенисерките немаат константност, освен Американката Серена Вилијамс, која постојано е дел од завршниците.

Извршниот директор на Женската тениска асоцијација (ВТА), Стив Симон, за време на турнирот во Вухан откри дека е неопходна промена на стратегијата на овој спорт да ја врати динамичноста и занимливоста за гледање. Идејата на Симон е натпреварите да траат помеѓу 60 и 90 минути, а како решение е наведено да се укине третиот, решавачки сет и да се уфрли супер тајбрејк.

Тоа ќе ни помогне многу да ги задржиме навивачи во седиштата. Голема е веројатноста дека ќе седат и ќе го гледаат целиот натпревар, кој би бил многу побогат со акции. Во средината на сетовите не постои резултатска драма и сметам дека ќе мора да погледнеме многу работи што се однесува до промените. Пред се ова е поради интересот на луѓето кои сакаме да го задржиме нивното внимание, изјави Симон.

Тој додаде дека наскоро ќе отпочне околу пријавување на планот за новиот формат.

Мораме да седнеме на маса и да разговараме околу оваа тематика. Сигурен сум дека на почетокот ќе има несогласувања, но ако почнеме да го применуваме тоа, на пример во помалите натпреварувања, таа пракса ќе ја пренесеме и од генерации на генерации. Се надевам дека ќе успееме да го оствариме планот и да дојдеме во подобра позиција од сега, додаде Стив.

Што се однесува до календарската година, Симон сака да превземе некои детали од машката конкуренција, од кои што на АТП турнирите има Мастерс 1000, серија која содржи девет турнири (Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим, Торонто/Монтреал, Синсинати, Шангај и Парид), додека кај дамите еквивалент околу тоа се Мандатори серијата, но во неа има само четири турнири (Индијан Велс, Мајами, Мадрид, Пекинг).

Сакам да објасниме и креираме подобра дефиниција од она што всушност претставуваат турнирите. Сметам дека постои голема доза на конфузија во однос на тоа кој турнир го гледате. Тешко може да се препознае кој турнир е на кое ниво и колку вреди. Сигурно можеме тоа многу подобро да го дефинираме. Мораме да направиме многу повеќе случувања на кои ќе овозможиме љубителите на тенисот да го имаат најдобриот производ пред себе, а во моментов тоа го немаме, заврши извршниот претседател на ВТА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top