| четврток, 6 декември 2018 |

Карагер: Коларов е само позер!

kolarov

По поразот на Манчестер Сити во дербито на Премиер лигата од Тотенхем, поранешниот играч на Ливерпул кој сега работи како телевизиски коментатор, Џејми Карагер упати остри зборови за играта на срспкиот интернационалец во редовите на „граѓаните“ Александар Коларов. Тој истакна дека српскиот репрезентативец е само позер!

Србинот од почетокот на сезоната беше интегриран во составот на Пеп Гвардиола кога светските медиуми веќе го преселија во друга екипа. Но одигра фантастично на неколку натпревари во последната линија во одбраната, и доби пофални зборови токму од менаџерот.

Сепак последните две грешки на натпреварите со Селтик и Тотенхем, Сити го чинеше значајни бодови во борбата за титулата во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

– Мислам дека Гвардиола сфати дека не се сите фудбалери од неговиот состав достојни да го облечат дресот на Сити. Едноставно очекував дека токму Тотенхем ќе биде екипата која ќе го порази Сити бидејќи не се сите играчи на исто ниво. Имаат можеби тројца најдобри играчи во лигата, Де Бруин, Агуеро, Силва, но има и фудбалери кои не се на тоа ниво. Особено мислам на последната линија и дека само Стоунс одигра на високо ниво. Погледнете го само Коларов. Нема сомневање дека Сити има проблем со бековите. За мене тој е само позер. Само сака да ја шутне силно топката и да одлета и по 50 метри или да изведе слободен удар – изјави Џејми Карагер кој не бираше зборови да ги оцрни играчот на Манчестер Сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top