Претседателскиот автомобил со кој Киро Глигоров пред 21 година тргна од својата резиденција кон Собранието денеска е паркиран во гаражата на МВР конзервиран и добро чуван за некои подобри времиња кога полицијата би добила нов траг за продолжување на најтешката истрага.
Целосно изрешетан и издупчен од десната страна, делумно згмечен со искршени стакла некогаш најмодерниот модел на мерцедес 500 сел денеска е споменик на најголемата мистерија во поновата историја атентатот на престедателот Глигоров.
Зад него на паркингот стојат остатоците од автомобилот бомба – ситроен ами 8 кој го чекаше претседателот на улица Македонија и експлодираше во точно 9 часот и 45 минути кога претседателскиот мерцедес помина покрај него на калдрмата кај Бристол. И денес како и тогаш двата автомобили се еден до друг. Обидот за атентат на Глигоров беше кобен за неговиот возач Александар Спировски, а повреден беше и неговиот телохранител Илчо Теовски. Од повредите почина и Христо Христоманов кој на местото на настанот се нашол случајно, а повредени беа и екс директорот на музејот на град Скопје Климе Коробар и докрторот Јован Атанасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.