Кога се мажи ќерката на познат чеченски нафтен тајкун не треба да има сомнеж дека прославата ќе изобилува со раскош и луксуз. Дваесетгодишната Елина Бажаева неодамна се омажила за четири години постариот бизнисмен Бек Алија Мамакаев со кој е во врска од почетокот на годинава.
Тие организирале прослава за повеќе од стотина гости во еден хотел во Манте Карло, а невестата носела фустан кој е дело на познатиот креатор Зухаир Мурад, вреден неверојатни 280 000 евра.
Според чеченската традиција, свадбата ја плаќа исклучиво младоженецот и на неа има само гости од неговата фамилија, па водејќи се по неа, на свадбата не присутствувале родителите на невестата и ниту еден член на нејзината фамалија, поради што Елина била многу тажна.
Чеченската традиција исто така забранувала на свадбите младоженецои и невестата да седат заедно, па тие имале посебни маси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.