| четврток, 6 декември 2018 |

По слабите резултати Астон Вила му врачи отказ на Ди Матео

di-mateo

Само десет освоени бодови за 11 одиграни кола во досегашниот тек на сезоната во втората по ранг англиска лига значи големо разочарување на раководството на Астон Вила во тренерот Роберто ди Матео. Деветнаесеттото место на табелата е недоволно за тој да ја задржи својата работа и во наредниот период, па по само 124 дена на кормилото на овој клуб, Ди Матео доби отказ од функцијата прв тренер.

„По разочарувачките резултати кои нè оставија на дното на табелата, клубот одлучи да му врачи отказ на тенерот Ди Матео. Би сакале да му се заблагодариме за сите вложени напори и му посакуваме сè најдобро во идниот период“ – стои во официјалното соопштение на клубот.

Стив Кларк ќе биде именуван како привремен тренер на првиот тим, а како можни наследници на Ди Матео се споменуваат Ли Џонсон (Бристол), Стив Брус (без ангажман), Стив Мекларен (без ангажман) и Дејвид Вагнер (Хадерсфилф).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top