| четврток, 6 декември 2018 |

По победата, Милорад Додик покажа и како се пее (Видео)

СНСД на претседателот на Република Српска, Милорад Додик оствари победа на локалните избори во најголем број општини во српскиот ентитет во БиХ. На изборите за прв човек на Бања Лука убедливо победи кандидатот на СНСД, Игор Радојчиќ, што го потврди и кандидатот на опозицијата и лидер на Сојузот за промени, Драган Чавиќ.

Додик е уверен и дека во Сребреница ќе победи српскиот кандидат Младен Грујичиќ. Актуелниот началник на Сребреница, Ќамил Дураковиќ изјави дека не ја прифаќа победата која ја прогласил неговиот противкандидат Грујичиќ, бидејќи се уште е рано за тоа. Тој славењето победа од страна на Србите го оцени како провокација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top