| четврток, 6 декември 2018 |

Де Мезиер: Германија сака да ги врати мигрантите во Грција

­

de-mezier

Германија сака бегалците и мигрантите кои влгеле на територијата на ЕУ преку Грција, да бидат вратени во оваа земја, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во интревју за атинскиот весник „Катимерини“.

Според Де Мезиер, Германија ќе инсистира на спроведување на правилото на ЕУ кое предвидува барателите на азил во некоја од европските земји до добивањето на одговор на апликацијата, да бидат вратени во државата преку која влегле на територијата на Унијата.

– Би сакал повторно да се применува Конвенцијата од Даблин и за ова прашање ќе разговараме на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ кон крајот на октомври, изјави Де Мазиер во интервјуто.

Според Конвенцијата од Даблин, одговорност за сместување на барателите на азил има државата преку која апликантите влегле во ЕУ, што би значело дека во Грција би требало да бидат вратени најголемиот дел од над еден милион мигранти и бегалаци кои лани преку грчка територија влегоа во Унијата и од таму преку балканската мигрантса рута се упатија кон другите западноевропски држави.

Одредбата од Конвенцијата за враќање на мигрантите во земјата на влез во ЕУ, беше суспендирана во 2011 година, поради приговорите на хуманитраните организации кои тврдеа дека Грција лошо се однесува кон мигранмтите кои бараат меѓунардона заштита.

– ЕУ од тогаш на Грција и пружи значајна поддршка и тоа не само финансиска, тулу и во постапките за подобрување на процедурите за обработка на барањата за азил, нагласи Де Мезиер во интервјуто за „Катимерини“.

Од друга страна, синоќа во интервју за германската телевизија АРД, Де Мезиер ја критикуваше Грција за неспроведување на договорот меѓу ЕУ и Анкара за враќање на мигрантите во Турција

Во март годинава ЕУ и Турција постигнаа договор со кој Анкара се обрза да ги прими назад сите илегални мигранти кои од нејзината територија ќе влезат во Унијата, а во замена Брисел се обрза за секој вратен мигрант да прифати по еден сириски бегалци од камповите во Турција, да и додели финансиска помош на земјата за потребите за згрижување на беглаците, да го олесни визниот режим за патување на Турците во ЕУ и да го забрза процесот на зачленување на државата во Унијата. ­

– Грција мора да протерува повеќе мигранти, додаде Де Мезиер во интервјуто за АРД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top