Кризата во Венецуела достигнала драматични размери, па жителите на таа некогаш богата латиноамериканска земја се принудени на драстични потези за да можат да се прехранат. Видеото кое го објавил порталот Т13, најдобро прикажува колку е очајна ситуацијата со недостиг на храна во Венецуела.
Групата очајни граѓани на Венецуела, на автопатот сопреле камион кој пренесувал живи кокошки и пилиња. Возачот бил истеран од камионот, а во сеопштиот хаос, гладните граѓани ги краделе животните кои потоа ги носеле дома. Инцидентот го снимил некој од колоната возила кои чекала оваа тажна сцена да заврши за да го продолжат патот.
Празните рафтови и недостигот на храна во последните неколку седмици ги натерале граѓаните на оваа земја храна да побараат во соседна Колумбија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)