
Во 7. коло од Серија А на „Сан Сиро“ во луд натпревар и седум гола, на крајот фудбалерите на Милан го совладаа Сасуоло со 4-3 (1-2) и со победа му го честитаа 80. роденден на Силвио Берлускони.

Бонавентура го доведе Милан во водство, но гостите изненадија и со три гола стигнаа до водство од 1-3 на почетокот од второто полувреме. Со оглед на променливите игри малкумина очекуваа камбек, но „росонерите“ сепак успеаја да ги израдуваат своите верни навивачи. Бака од пенал намали на 2-3, Локатели го постигна израмнувачкиот погодок, за Палета да бие прецизно во 77. минута за голем триумф на Милан, четврти сезонава со кој тимот на Винченцо Монтела се искачи на петтото место на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


