Реал Мадрид повторно ја разочара публиката на „Сантијаго Бернабеу“ и одигра само 1-1 против Еибар. Кризата за екипата на Зинедин Зидан продолжува и сега стои на четири последователни нерешени резултати во сите натпреварувања.
Ако за Вилјареал може да се каже дека е незгоден ривал способен да изненади, тогаш е јасно дека Еибар е противник што избраниците на Зидан мораа да го совладаат.
Сепак, тие повторно потфрлија, не реализираа неколку одлични шанси, па наместо сигурна победа одиграа само нерешено на домашен терен против ривалот од Баскија. Еибар прв дојде во водство, но Реал набрзина израмни преку Бејл, кој биеше прецизно со глава по центаршутот на Роналдо.
Во вториот дел можеа да се проследат неколку одлични шанси на „кралевите“, но Роналдо уште еднаш потфрли, а најопасниот обид на Бејл заврши во дирекот, што е јасен предзнак за кризата во која влегува актуелниот европски шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)