| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно шок за јунајтед на „Олд Трафорд“, овојпат Стоук не дозволи победа на „црвените ѓаволи“ (видео)

stouk

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед прокоцкаа уште една шанса да влезат во позитивна серија во Премиер лигата, откако денес на „Олд Трафорд“ одиграа само 1-1 против Стоук Сити.

Тимот на Мурињо создаде повеќе шанси, но скапо плати за промашувањата на Пол Погба, па по наивно примениот гол што го постигна Ален освои само еден наместо планираните три бода.

Францускиот офанзивец влезе во игра во 67. минута, а само две минути подоцна со својот прв гол сезонава му донесе водство на тимот на Жозе Мурињо. Јунајтед потоа промаши уште неколку шанси, а кога се очекува рутинска победа до крајот „ѓаволите“ примија наивен гол, откако по несмасно одбиената топка на Де Хеа нововлезениот Волтерс ја погоди гредата, па на неа налета Џо Ален кој од непосредна близина израмни на 1-1.

„Ѓаволите“ тргнаа во тотална офанзива во преостанатите десет минути, а најубавата шанса ја промаши Пол Погба, откако најскапиот светски фудбалер од пет метри со глава биеше само во гредата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top