Дерби дуелот од седмото коло во Примера дивизија се одигра во Валенсија каде домашната екипа беше немоќна пред Атлетико Мадрид и загуби со 0-2.
Извонредниот настап на голманот Диего Алвеш на голот на Валенсија не беше доволно за Валенсија да избегне пораз. Бразилецот одбрани дури два пенали на гостинските фудбалери и стигна до фантастична бројка од 19 одбранети удари од белата точка во Примера, но Атлетико сепак стигна до цел плен благодарение на головите на Гризман и Гамеиро во второто полувреме.
Токму Гризман можеше да биде трагичар по промашениот пенал во финишот од првиот дел, но Французинот многу подобро се снајде од игра, кога по акцијата на Торес и Гамеиро од десетина метри го совлада Алвеш. Врз Гризман нешто подоцна беше направен нов пенал за Атлетико, овојпат топката ја зеде Габи, но ниту тој не успеа да го надмудри Алвеш од белата точка.
Конечните 0-2 во судиското продолжение ги постави Гамеиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)