| четврток, 6 декември 2018 |

Мистеријата за „Црниот витез“: Кружи околу земјата веќе 50 години и никој не знае што е!

Теоретичарите на заговори веруваат дека сателитот “Црн витез”, кој веќе со децении орбитира околу Земјата, е стар 13.000 години.

crn-vitez-satelit-01
Во февруари 1960. година, списанието „Tајм” објавило дека американската морнарица забележала темен објект за кој се верувало дека е советски шпионски сателит.

Сепак и денес со современата технологија не се открило што всушност претставува тој мистериозен објект. Со самото тоа, Црниот витез застанува рамо до рамо со чудовиштето од Лох Нес, Биг Фут, и НЛО.

Во 50-тите години од минатиот век со телескоп бил забележан неидентификуваниот сателит, наречен “Црн витез”. Тогаш владеело големо интересирање за вонземјански појави и сите очекувале да ги посетат вонземјани. Благодарение на тоа, јавноста брзо била вовлечена во приказните за Црниот витез.

Се смета дека овој мистериозен сателит веќе 50 години праќа радио-сигнали. САД и Русија покажале големо интересирање за него, што навело многумина на помислата дека можеби припаѓа на една од тие држави.

Според некои гласини, и Никола Тесла во 1899. година пресретнал сигнал од необичен сателит. Многу луѓе затоа веруваат дека Тесла бил првиот човек кој примил сигнали од вонземјани.

и денес не се знае ништо за овој сателит, а изгледа и дека доколку некој сака да ја открие тајната за неговото постоење, ќе мора да го спушти на Земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top