| четврток, 6 декември 2018 |

Еродган: ЕУ јасно да каже дали сака да ја прими Турција или не

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја повика Европската унија јасно да каже дали е за или против приемот на Турција во блокот, со што конечно ќе се стави „крај на играта“.

– Нема никакви пречки Турција да стане членка на ЕУ. Ако ЕУ го сака тоа, ние сме подготвени за членство, порача Ердоган во обраќање пред пратениците во турското Собрание, на првата собраниска седница по летниот одмор.

Според Ердоган, ЕУ треба отворено да каже дали сака да постои со или без Турција. – Факт е дека не оставија да чекаме пред вратата 53 години, потенцира турскиот претседател.

Ердоган упати критики кон забешеките упатени кон Турција од страна на некои европски лидери во врска со, како што рече, „мерките за борба против тероризмот“, додавајќи дека ЕУ се обидува на Анкара да и наметне нови кретиериуми за членство.

– Турција секогаш ги исполнуваше своите обврски кон ЕУ.. Европа се однесува како некој кој не сака да ги исполни ветувњата, што и ги даде на Турција, рече Ердоган во обраќањето пред пратениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top