| четврток, 6 декември 2018 |

Потресно: Спасува бебе од под урнатините и плаче (Видео)

Активист на сириската цивилна заштита заплака кога од урнатините спаси живо бебе во сирискиот град Идлиб.

place_1000x0_2-79401

Најмалку 20 лица загинаа, а 24 се ранети во воздушните напади на подрачјето на Идилб на северозападот од Сирија.

Сириската организација за човекови права соопшти дека на мета се нашле неколку подрачја во овој град како и околните места во таа провинција.

Драматичното видео кое го објави сириската Цивилна заштита прикажува извлекување на жена и бебе од урнатините.

Спасителот кој го извлече бебето рече дека девојчето под урнатините било повеќе од 2 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top