Аргентинскиот напаѓач, Мауро Зарате постигна два гола во високата победа на Фиорентина над Карабах во рамките од второто коло од Лигата на Европа. Аргентинецот ги постигна четвртиот и петтиот гол за екипата, што се први погодоци по неговото враќање на фудбалските терени.
Посветата по двата гола беше емотивна и испратена до неговата сопруга Наталија, која пред неколку дена се оперираше од рак на дојка. Таа се наоѓа во Аргентина, каде заздравува по тешката операција.
По постигнувањето на четвртиот гол, Зарате го соблече дресот и ја покажа маичката на која пишуваше: „Ти благодарам Боже, Нат те сакам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)