| четврток, 6 декември 2018 |

Принцезата Шарлот првиот збор го кажа во јавност (Видео)

На официјалната посета на Канада, Вилијам и Кејт ги понесоа и своите две деца, принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Тие не се појавуваат на секој јавен настан, но овој пат во Викторија беше организирана специјална забава за нив и за децата на воените ветерани.

charlot11

Како и секое дете, така и Шарлот и Џорџ се радуваа на бројните балони, животните, но и на едно мало пони, кое принцот ја имаше честа да го јава, со помош на војводата од Кембриџ. Тука беа и воздушните балончиња од секакви големини.

collage-gorge

Медиумите соопштуваат дека интересен бил моментот кога принцезата Шарлот изговорила „Поп“ посочувајќи на балоните, со што тоа било нејзиниот прв изговорен збор во јавност.

dzordz111

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top