| четврток, 6 декември 2018 |

Обама:Би бил горд на моите ќерки ако отслужат војска

obama

Барак Обама изјави дека би бил горд на своите ќерки, доколку тие решат да отслужат воен рок во Армијата на САД, иако би се загрижил.

Обама учествуваше во емисија на Си­Ен­Ен организирана во воената база „Форт Ли” во Вирџинија. ­

-Би им кажал „Напред”. Воодушевен сум од дисциплината и патриотизмот на војниците, со кои се среќавам во својство на врховен командант на вооружените сили- изјави Обама пред војниците, одговарајќи на прашање на од пензиониран полковник. ­

-Ќе излажам, ако кажам дека нема да бидам загрижен ако тие бидат испратени на мисија. Свои деца си се свои деца. Просто, посакуваш цел живот да ги чуваш дома, облечени во пижами- призна духовито Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top