Малку кој можеше да го сокрие изненадувањето кога пред една недела холивудската актерка Анџелина Џоли поднесе барање за развод од долгогодишниот партнер Бред Пит.
Меѓутоа откако помина првиот шок, уследија новинарски текстови кои фрлаат нова светлина врз бракот на најсаканиот пар во Холивуд. Од обвинувања дека Пит вербално го злоставувал нивниот син Медокс, преку приказни за неверствата на Анџелина, но и Бред. Конзументите на таблоиди сега добија уште еден ексклузивен увид во уште една драма на семејството Џоли-Пит.
Имено неодамна се појави текст во магазинот УС Вик ли во кој се тврди дека парот подогло време минувал низ брачна криза, која се обидувале да ја надминат.
-Анџелина и Бред одамна живеат одовоени животи. Живееја во иста куќа, но секој имаше свој дел од куќата.Нивните кавги станаа се почести. А Бред не можеше да ги сокрие проблемите и им се повери на пријателите дека му е доста од проблемите дома- рекол извор близок на Бред и додал дека овој негов потег ја разочарал Анџелина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.