| четврток, 6 декември 2018 |

Срамот на Коридорот 11 не бил срам: Ма, какво уривање, тунелите се повисоки за 30 см

Тунелите Брџани и Шарани на делницата Лиг-Прелина во Србија се целосно наупотребливи – пониски се за 30 сантиметри, поради што шлеперите не можат да поминат. Во Србија се е можно, па и еден од најважните градежни проекти Коридорот 11 да биде изграден така што шлеперите не можат да поминат низ тунелите, дознава српски „Курир“.

Како што пишува српски Курир, двата тунела кај Лиг практично се наупотребливи и шлеперите низ нив можат да поминат само по средина.

Со тоа е направена штета од четири милиони евра.

На ова тврдење со демант се огласија градежната компанија која ги изведува работите на Коридорот 11 и Коридори на Србија. Тие тврдат дека се работело по проект, а ако се погреши, си има контрола.

-Денес, со вакви техники невозможно е да се направи грешка од 30 мм, а камо ли од 30 см, вели директорот на српската фирмата, која за работата треба да добие 60 милиони евра, и тој смета дека овие невистини се пласирани со цел да се дискредитира фирмата и ресорната министерка.

Тунекот е жирок 7.5 метри, има место за два камиона, висок 4,75 метри, што е повеќе од прописите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top