Тунелите Брџани и Шарани на делницата Лиг-Прелина во Србија се целосно наупотребливи – пониски се за 30 сантиметри, поради што шлеперите не можат да поминат. Во Србија се е можно, па и еден од најважните градежни проекти Коридорот 11 да биде изграден така што шлеперите не можат да поминат низ тунелите, дознава српски „Курир“.
На ова тврдење со демант се огласија градежната компанија која ги изведува работите на Коридорот 11 и Коридори на Србија. Тие тврдат дека се работело по проект, а ако се погреши, си има контрола.
За овие 30 см на Коридорот 11 се зборува веќе десет дена.
-Денес, со вакви техники невозможно е да се направи грешка од 30 мм, а камо ли од 30 см, вели директорот на српската фирмата, која за работата треба да добие 60 милиони евра, и тој смета дека овие невистини се пласирани со цел да се дискредитира фирмата и ресорната министерка.
Шефот на проектот за изградба на автопатот Белград – Јужен Јадран, Душан Ѓоковиќ истакна дека шлепериможат да поминат низ тунелот, а тоа и повеќепати досега го докажале.
-Сите шлепери, и стандардните и оние со зголемени дименизии можат да поминат. И тоа не еден, туку два шлепери можат да поминат. И уште еден во средина“, тврди тој.
Министерката за градежништво, Зорана Михајловиќ, пак вели дека не се ниски тунелите, туку е рапав бетонот и дека поради користење стари машини, лошо е изработена бетонската коловозна подлога, па бетонот требад а се избрусо и да се симне еден сантиметар за да се израмни коловозот.
-Ниту се тунелите ниски, ниту е бетонот нерамен, грешка нема, сѐ е измислено, вели директорот на фирмата-зведувач, Ратомир Тодоровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.