| четврток, 6 декември 2018 |

Потпретседателката на владата на „рибање“ кај премиерот поради аферата Коридор 11

%d0%b2%d1%83%d1%86%d0%b8%d1%86

Потпретседатлеката на владата и министерката за градежништво, Зорана Михајловиќ вчера била на „рибање“ кај премиерот Александар Вучиќ поради проблемитие со два тунела на Коридорот 11.

-Делницата Љиг- Прелина мора да биде завршена до 31 октомври – порачал српскиот премиер Александар Вучиќ.

Претседателот на владата барал објаснување зошто дошло до тоа на делницата Љиг – Прелина, шлепери да не можат да поминат низ тунелите, но и кој ќе сноси одговорност за пропустите и за тоа што работите доцнат.

Поради проблемите на коловозот кај тунелот Шарни и Брѓани подизведувачот на работите „Палум“ ќе мора да носи машини од Русија како се би било санирано. Штетата е проценета на 4 милиони евра, а работите доцнат два месеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top