9-годишната Зијана Олифант зборувала пред градското собрание во Шарлот, а овој момент сите присутни ќе го паметат многу долго. Снимката од нејзиниот говор го обиколила светот и привлекла големо внимание во јавноста со цел да ги натера на размислување.Една седмица од страшното пукање во кое настрадал Афроамериканец во Шарлот, малата Зијана излегла пред луѓето да каже што има. Пред неа зборувале луѓе за полициската одговорност и барале оставки, а потоа малата го кажала своето.
-Срамота е што нашите татковци и мајки се убиени, што повеќе не можеме да ги видиме. Срамота е што сега мора да ги посетуваме на гробиштата, рекло девојчето плачејќи.
-Ние сме Афроамериканци и не би смееле вака да се чувствуваме.
Луѓето барале правда неколку дена откако Кит Скот бил убиен од страна на полицијата, иако не бил вооружен, како што тврдат сведоците. Полицијата, од друга страна, има докази дека бил вооружен, и дека на местото на злосторството бил пронајден пиштол.
-Сè што сакаме е да имаме права како другите луѓе, и да не третираат на сит начин. Бев малку нервозна, но одлучив да одам таму и да кажам како се чувствувам. Бев емоционална, бидејќи работите кои ги раскажав силно ме погодуваат. Затоа почнав да плачам, рекла Зијана во интервјуто по училиште, следниот ден.
Многу познати личности и медиуми од целиот свет го споделиле ова видео на своите профили на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)