Деновиве во Цирих, Швајцарија се одржува семинар, работилници каде што се споделуваат знаења и предлози за развој на ски-клубовите, младите и скијањето, како и тренерски обуки и предавања. На овој ФИС технички комитет што се одржува во Цирих, покрај светската елита од алпското скијање, учество земаа и преставник од Скијачката федерација на Македонија, Александар Атанасовски, тренер на ски клубот АСК Скади Скопје.
Меѓу присутните се и Вернер Меирајтер експерт за алпско скијање, претседател на австриските ски клубови, менаџерот на трките во Венген, Маркус Леман и оперативниот директор на трката Кицбил , Михаел Кубер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.