| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе би­де ли Ка­ти­ца Ја­не­ва но­си­тел­ка на ли­ста на СДСМ?

zaev-katica-sdsm

 

Спе­ци­јал­на­та јав­на об­ви­ни­тел­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва ќе би­де но­си­тел­ка на из­бор­на ли­ста на СДСМ на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри до­кол­ку ус­пее да ги од­ло­жи до мај в го­ди­на, а во ме­ѓу­вре­ме обез­бе­ди при­твор за трој­ца по­ра­неш­ни и се­гаш­ни функ­ци­о­не­ри на ВМРО-ДПМНЕ, со­оп­шти­ја офи­ци­јал­ни из­во­ри од Па­вел Ша­тев.

– Раз­го­во­ри­те се на­пра­ве­ни. Ние бев­ме оду­ше­ве­ни од не­у­трал­но­ста и од не­за­вис­но­ста на Ја­не­ва, па ја по­ка­нив­ме да ста­не дел од на­ши­те из­бор­ни ли­сти на кои има де­се­ти­ци и де­се­ти­ци не­за­вис­ни не­пар­ти­ски лу­ѓе. Ете, си­те го зна­е­те при­ме­рот со по­ра­неш­ни­от не­за­ви­сен но­ви­нар со мал пе­нис Му­ха­мед Зе­ки­ри, кој ка­ко на­гра­да за сво­ја­та об­је­ктив­ност и не­у­трал­ност ста­на член на нај­ви­со­ки­те пар­ти­ски ор­га­ни на СДСМ, а за да не му умрат де­ца­та за ја­де­ње, бе­ше и вра­бо­тен во пар­ти­ја­та – из­ја­ви пре­тсе­да­те­лот на СДСМ, Зо­ран За­ев.

Со Ја­не­ва За­ев пр­ви­от кон­такт го на­пра­вил на „Фејс­бук“, отка­ко таа ста­ви­ла ста­тус „Ми се сло­ши од вмров­ци­те“. За­ев ко­мен­ти­рал: „Зар на Ка­ти­ца Ја­не­ва смее да ѝ е ло­шо? Дој­ди кај ме­не во пар­ти­ја на ка­фе, Ка­ти­це, ќе на­пра­вам да ти е до­бро“. Ка­ко што доз­на­ва­ме, утре­ден­та Ка­ти­ца Ја­не­ва се срет­на­ла на ка­фе со За­ев и ги до­го­во­ри­ле ус­ло­ви­те за таа да ста­не по­ли­ти­чар, за што одам­на се ам­би­ци­ра­ла.

– Точ­но е, зна­чи, раз­го­ва­рав­ме со пре­тсе­да­те­лот За­ев, тој е еден иск­лу­чи­те­лен чо­век, и му ка­жав де­ка одам­на имам ам­би­ци­ја да би­дам по­ли­ти­чар ка­ко што, зна­чи, и се ви­де во Со­бра­ни­е­то, ка­ко се те­пав со вмров­ци­те, зна­чи, па тој ми по­ну­ди по­ну­да што не се од­би­ва: јас да ба­рам при­тво­ри и да по­ди­гам об­ви­не­ни­ја за функ­ци­о­не­ри на вла­ста, се­гаш­ни и по­ра­неш­ни, а тој ка­ко на­гра­да да ме ста­ви на ли­ста – до­да­де Ја­не­ва на за­ед­нич­ка­та прес-кон­фе­рен­ци­ја што ја имаа со За­ев.

– Па та­ка, поч­ну­вам во из­бор­на еди­ни­ца 4 од че­твр­та­та по­зи­ци­ја на ли­ста­та, зна­чи, на СДСМ на ко­ја, зна­чи, сум и со се­кои но­ви три об­ви­не­ни­ја ќе се иска­чу­вам, зна­чи, на ед­на по­зи­ци­ја по­го­ре, или на две бе­ше? Хм. Зна­чи, а мо­же ка­ко што ми ка­жа гос­по­ди­нот За­ев, пре­тсе­да­те­лот, зна­чи и ме­сто три об­ви­не­ни­ја да ги за­ме­ни­ме, зна­чи, со два при­тво­ри за функ­ци­о­не­ри. Зна­чи, ка­ко што мо­же да прес­ме­та­ме… зна­чи… со… по… шест при­тво­ри јас ќе би­дам на вто­ро… не… или по че­ти­ри при­твор… не.. а, зна­чи, по пет об­ви­нен… не, зна­чи ако за­тво­рам мно­гу вмров­ци ќе би­дам на пр­во, тоа да се знае, на пр­во ме­сто во че­твр­та­та из­бор­на еди­ни­ца зна­чи, што, не­ли, зна­чи, и ми е цел­та, зна­чи – до­да­де Ја­не­ва.

По Му­ха­мед Зе­ки­ри и пла­те­ни­ци­те од ша­ре­ни­те про­те­сти, Ја­не­ва е нај­но­во­то не­за­вис­но те­ло што вле­гу­ва во СДСМ ди­рект­но на ли­сти­те за пра­те­ни­ци, ме­ѓу си­те дру­ги не­за­вис­ни и сло­бо­до­ум­ни гра­ѓа­ни.

-Јас бев во­о­ду­ше­вен од не­за­вис­но­ста на Ја­не­ва. Таа тол­ку не­за­вис­но ги слу­ша­ше си­те на­ши на­ред­би и од при­ја­те­ли­те што ни се, го­лем поз­драв до еден до нив, до си­те ам­ба­са­до­ри и до но­ви­от, осо­бе­но, што е од Ита­ли­ја. Зна­чи за не­за­вис­но­ста на Ја­не­ва збо­ру­вав­ме, та­ка? Таа е мно­гу не­за­вис­на и об­је­ктив­на и ка­ко та­ква мо­ра­ше да ѝ се нај­де, не­ли, ме­сто на пра­те­нич­ка­та ли­ста на СДСМ ка­де што си­те се не­за­вис­ни не­пар­ти­ски лу­ѓе, од гра­ѓан­ски­от се­ктор или од раз­ни дру­ги ме­ста, кои се ту­ка да си ја вра­ти­ме сло­бо­да­та, де­мо­кра­ти­ја­та и јас да сум пре­ми­ер, што е осо­бе­но важ­но – до­да­де За­ев.

Од­го­ва­рај­ќи на но­ви­нар­ски пра­ша­ња За­ев со­оп­шти де­ка во СДСМ ре­чи­си не оста­нал ни­ту еден член на СДСМ, ту­ку си­те чле­но­ви на пар­ти­ја­та, но­си­те­ли на ли­сти и кан­ди­да­ти за пра­те­ни­ци се не­за­вис­ни прет­став­ни­ци на гра­ѓан­ски­от се­ктор. Екск­лу­зив­но нај­а­ви де­ка на на­ред­на­та прес-кон­фе­рен­ци­ја ќе прет­ста­ви уште еден но­си­тел, г-ѓа­та Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска, ко­ја до­а­ѓа од биз­нис-за­ед­ни­ца­та, а еден ден по­доц­на и Пе­тре Ши­ле­гов, ад­во­кат и ко­лек­ци­о­нер на умет­нич­ки сли­ки.

Ја­не­ва не од­го­ва­ра­ше на но­ви­нар­ски пра­ша­ња би­деј­ќи не са­ка­ла да збо­ру­ва на глад­но, за да не ѝ се сло­ши.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top