Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе биде носителка на изборна листа на СДСМ на парламентарните избори доколку успее да ги одложи до мај в година, а во меѓувреме обезбеди притвор за тројца поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија официјални извори од Павел Шатев.
– Разговорите се направени. Ние бевме одушевени од неутралноста и од независноста на Јанева, па ја поканивме да стане дел од нашите изборни листи на кои има десетици и десетици независни непартиски луѓе. Ете, сите го знаете примерот со поранешниот независен новинар со мал пенис Мухамед Зекири, кој како награда за својата објективност и неутралност стана член на највисоките партиски органи на СДСМ, а за да не му умрат децата за јадење, беше и вработен во партијата – изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Со Јанева Заев првиот контакт го направил на „Фејсбук“, откако таа ставила статус „Ми се слоши од вмровците“. Заев коментирал: „Зар на Катица Јанева смее да ѝ е лошо? Дојди кај мене во партија на кафе, Катице, ќе направам да ти е добро“. Како што дознаваме, утредента Катица Јанева се сретнала на кафе со Заев и ги договориле условите за таа да стане политичар, за што одамна се амбицирала.
– Точно е, значи, разговаравме со претседателот Заев, тој е еден исклучителен човек, и му кажав дека одамна имам амбиција да бидам политичар како што, значи, и се виде во Собранието, како се тепав со вмровците, значи, па тој ми понуди понуда што не се одбива: јас да барам притвори и да подигам обвиненија за функционери на власта, сегашни и поранешни, а тој како награда да ме стави на листа – додаде Јанева на заедничката прес-конференција што ја имаа со Заев.
– Па така, почнувам во изборна единица 4 од четвртата позиција на листата, значи, на СДСМ на која, значи, сум и со секои нови три обвиненија ќе се искачувам, значи, на една позиција погоре, или на две беше? Хм. Значи, а може како што ми кажа господинот Заев, претседателот, значи и место три обвиненија да ги замениме, значи, со два притвори за функционери. Значи, како што може да пресметаме… значи… со… по… шест притвори јас ќе бидам на второ… не… или по четири притвор… не.. а, значи, по пет обвинен… не, значи ако затворам многу вмровци ќе бидам на прво, тоа да се знае, на прво место во четвртата изборна единица значи, што, нели, значи, и ми е целта, значи – додаде Јанева.
По Мухамед Зекири и платениците од шарените протести, Јанева е најновото независно тело што влегува во СДСМ директно на листите за пратеници, меѓу сите други независни и слободоумни граѓани.
-Јас бев воодушевен од независноста на Јанева. Таа толку независно ги слушаше сите наши наредби и од пријателите што ни се, голем поздрав до еден до нив, до сите амбасадори и до новиот, особено, што е од Италија. Значи за независноста на Јанева зборувавме, така? Таа е многу независна и објективна и како таква мораше да ѝ се најде, нели, место на пратеничката листа на СДСМ каде што сите се независни непартиски луѓе, од граѓанскиот сектор или од разни други места, кои се тука да си ја вратиме слободата, демократијата и јас да сум премиер, што е особено важно – додаде Заев.
Одговарајќи на новинарски прашања Заев соопшти дека во СДСМ речиси не останал ниту еден член на СДСМ, туку сите членови на партијата, носители на листи и кандидати за пратеници се независни претставници на граѓанскиот сектор. Ексклузивно најави дека на наредната прес-конференција ќе претстави уште еден носител, г-ѓата Радмила Шекеринска, која доаѓа од бизнис-заедницата, а еден ден подоцна и Петре Шилегов, адвокат и колекционер на уметнички слики.
Јанева не одговараше на новинарски прашања бидејќи не сакала да зборува на гладно, за да не ѝ се слоши.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.