| четврток, 6 декември 2018 |

Должи 35 илјади евра: Со социјална помош си плаќал пластични операции за да личи на Бекам

Џек Џонсон од Британија потрошил 20 000 фунти за да личи на својот идол, ама  очигледно досега џабе си се трошил, зашто се му останало само пуста желба, барем засега.

Џек му се вооудшевува на Бекам не само како на фудбалер, туку и како на медиумска личност. На прашањето на водителот зошто не се обиде да го унапреди сопственото ЈАС, тој рекол дека то го прави со желбата да изгледа како некој друг.

Она што ги шокирало гледачите на шоуто во кое гостувал е податокот дека ги плаќал операциите со државни повластици, кои ги добивал како невработено лице. Моментално имал долг од 30.000 фунти, кои не знае како да ги врати.

Совет: Тужи го докторот што те оперирал зашто ама баш ниту наликуваш на згодниот фудбалер!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top