Патријархот Иринеј се огради од сите изјави и дејствувања на митрополитот Амфилохие и пензионираниот владика Атанасие.
– Се што Амфилохие правел надвор од храмот е негова лична работа зад која не стојам ни јас ни Синодот ни црквата – изјави Иринеј.
На прашањето да ја прокоментира изјавата на Атанасие Јефтиќ дека ниту убиениот премиер Ѓинѓиќ не го интересирала „небесна Србија“, патријархот изјавил:
– Тој немаше моја дозвола да настапи во Белград.
Ова Иринеј го изјавил на протестот против бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина на кој присуствувале околу 3.000 луѓе.Амфилохие на овој собир се молел „за упокојување на владата и собранието“.
Насобраниот народ побарал смена на претседателот Николиќ и на владата, и скандирал „Предавство!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.