Индонезиските власти евакуираа повеќе од 1.100 туристи по ерупцијата на вулканот Баруџари на островот Ломбок и трагаат за уште неколку стотини други турсти кои можеби се наоѓаат во таа област.
Поради ерупцијата на вулканот, која се случи вчера, без предупредување, одложени се летовите на аеродромот во Ломбок.
Вулканот исфрлил пепел до висина од 2.000 метри.
Портпаролот на индонезиската Агенција за вонредни ситуации Сутопо Путво Нугрохо изјави дека околу 400 странски и домашни турсти од неделата се качиле на планината тргнувајќи од локацијата Сембалун која се наоѓа на 11 километри од кратерот.
Вулканот Баруџари е еден од 130 активни вулкани во Индонезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.