СДСМ веќе не е партија, тоа е центар за политичко здомување на улични активисти, припадници на шарените бригади. Заев повремено шета со шарените низ улици, а они не знаат дека Заев уствари бара локација да изгради Глобал и во Скопје. Ако не те фатиле еднаш, зошто да не пробаш повторно, пишува Латас во последната колумна „СЈО шоу“.
Заев има обврска шарените да ги направи свои пратеници, а партијата да ја остави да јаде од она што ќе остане откако шарените ќе се подмират. Можеби затоа деновиве најавува, со писмо до дипломатите, дека нема услови за избори на 11 декември. Треба време за да се прошири парламентот од 120 на 250 пратеници, за сите шарени соросоиди да влезат во Собранието. Платата е добра, а работа нема многу. Плус, и пиењето е евтино, што Шилегов може да им го потврди лично.
Ќе ги гледаме шарените повторно, предизборно нели, како ловат покемони низ скопските улици и сонуваат за пратеничка плата. Што е стандарден граѓански став.
И друштвото е граѓанско, отмено, карактерно, чесно и стручно: Зоран Заев, Шекеринска, Љубе Бошковски, Тито Петковски, Зоран Верушевски, Катица Јанева, Стево Пендаровски, Љубчо Георгиевски, Павле Трајанов… дрим-тим. Победници на векот.
Па, до победата има само уште малку. Шарените ќе кршат и уништуваат, Заев на оваа возраст ќе прави сунет и ќе учи албански за да им ги земе функциите на Ахмети и Тачи, да биде поголем Албанец од Албанците, следен од поштениот Албанец Мухи Зекири, реинкарниран Рахман Морина на нашето време.
А СЈО ќе гони сè што му стои на Заев и на наведеното друштво на патот до победата.
Само молам Фатиме Фетаи, во иднина, на прес-конференциите освен на албански да збори и на српски. Како ќерка на мајка Србинка не треба да заборави кој ја родил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.