Јувентус вечерва му гостува на Динамо Загреб во Лигата на шампиони и стадионот за првпат по неколку години беше распродаден, но на помалку од еден час до почетокот на мечот, се случи инцидент пред „Максимир“.
Навивачката група на Динамо „Бед Блу Бојс“ ги нападна навивачите на Јувентус и првичните извештаи се дека има неколку сериозно повредени гостински фанови. Засега не е познато зошто дошло до судирот, но навивачите на „старата дама“ тврдат за хрватските медиуми дека биле нападнати од чиста мира.
Хрватските медиуми, исто така, јавуваат дека „Бед Блу Бојс“ направиле хаос на улиците и зад себе оставиле испокршени столици и шишиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.