Полицијата нема ниту една доволно добра трага или доказ за да ја продолжи истрагата за убиството на ѕвездата на Гранд, Јелена Марјановиќ, дознава српски Информер од извори од Министерството за внатрешни работи.
И покрај написите во медиумите во кои се најавуваа крунски докази и клучни сведоци, вистината е дека инспекторите кои работат на овој случај немаат ништо конкретно во своите раце.
Соговорникот за весникот вели дека ова убиство на пејачката најверојатно ќе остане нерешено, барем во следните неколу години.
– Совршеното злосторство не постои и секој убиец порано или подоцна се открива, но се пплашам дека убиецот на Јелена нема да биде откриен барем уште некој период. Најискрено ви кажувам, во раце немаме ништо конкретно, ништо опипливо, ниту една доволно добра трага за сериозно да се продолжи истрагата, објаснил тој.
Изворот од полицијата додал дека нови траги и докази нема, па овој случај нема да биде затворен, ниту пак истрагара ќе престане.
– Инспекторите секојденвно работат на убиствтото на Јелена и тој случај и понатака е приоритет во нашата работа. Одново се прегледуваат сите списи од предметите, сите собрани траги и сите изјави на граѓаните. Се обидуваме да најдеме било што за што ќе можеме да се „закачиме“, било каква нелогичност, некаков траг. Колегите исто така продолжуваат со разговорите со членовите на семејството Марјановиќ и нивните најблиски роднини, вели тој.
За потсетување, пејачката беше убиена годинава на втори април на 32-годишна возраст кога излегла да џогира во близина на својот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка