| четврток, 6 декември 2018 |

Со омнибусот „Правда“ и претставата „Мртва точка“ се затвора 41. МОТ

Омнибус претставата „Проект: Правда“ на студентите на факултетите за драмски уметности од Скопје, Загреб, Љубљана, Белград, Сараево, Нови Сад и и Цетиње вечер, од 18 часот ќе биде изведена на 41. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ).

Како што соопшти МОТ, се работи за седум кратки текстови на тема правда: „Чепкалка“, „Печат“, „Попокатепетел“, „Шах-мат љубов моја“, „Терапија“, „Тука сум, Брехт“ и „Зафркавање“.

Студентите, како што се наведува во соопштението, минатата година заедно работеа на целосно создавање на омнибус претставата, од креирање на драмски текстови, преку режија и актерска игра, се до продукција и организирање на настапи.

Од Факултетот за драмски уметности во Скопје учесници се шест студенти по актерска игра и по еден од одделите драматургија, театарска режија и продукција.

133358932

Во Универзалната сала од 21 часот ќе биде изведена претставата „Мртва точка“ на театарот „Тома Карагиу“ од Плоешти, Романија. Режијата е на Раду Африм, а обезбеден е превод на македонски јазик.

Претставата раскажува приказна за млада жена по име Ника, која стои колебајќи се меѓу парализирачката депресија и потребата да продолжи да живее по смртта на нејзиниот сопруг. Во потрага по излез од нејзиниот загушувачки стеснет свет, таа ја напушта работата во банка и наоѓа утеха во бучната индиферентност на улиците на големиот град. Нејзината средба со една жена на семафор, отвора нова стварност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top