Шансите за влез во Белата куќа на кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон, се зголемија на интернет обложувалниците откако се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, во првата претседателска дебата.
Влоговите за победа на Клинтон пораснаа за шест проценти, односно на 69 отсто, додека влоговите за Трамп паднаа за седум, на 31 проценти, покажуваат податоците на новозеландската фирма „Предикт Ит“, кои ги предвидуваат исхoдите на политичките и финансиските случувања. Шансите на Клинтон, исто така, се зголемија на ирскиот сајт за обложување „Педи Пауер“. Уплатите за Трамп паднаа на пет отсто во февруари, но се качија на 44 отсто во мај, додека влоговите за Клинтон паднаа на 37 отсто во јануари, па се качија на 79 отсто во август. Првата претседателска дебата е една од трите планирани, пред претседателските избори во САД на 8 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Го избламира за сите времиња – Клинтон на НБА меч доживеа непријатност!(видео)
-
Нова истрага за семејството Клинтон