| четврток, 6 декември 2018 |

„Во име на Алах, Вашата крв ќе тече по улиците, а Република Српска нема да постои“

„Во име на Алах, Вашата крв ќе тече по улиците бидејќи така одбравте. Република Српска нема да постои“. Ваква порака добиле весникот „Независне новине“ од Бања Лука. Заканата ја пријавиле во полиција, јавува „Телеграф“.

Началничката на одделот за односи со јавност во МВР во Република Српска открива дека ваков имејл стигнал на повеќе адреси во Република Српска. Полицијата го истражува случајот.

Сандра Гојковиќ-Арбутина, главна и одговорна уредничка на „Независне новине“ не е изненадена, бидејќи заканите се секојдневна работа.

Анонимни електорнски пораки со вознемирувачка содржина стигнале и на адреса на кабинетот на претседателот на Народното собрание на Република Српска.

Овие закани доаѓаат само еден ден по референдумот на кој граѓаните на Република Српска се изјасниле дека 9 јануари, денот кога 1 во 1992 година прогласена Репубика Српска сакаат да го слават како свој ден и покрај забраната на Уставниот суд на БиХ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top