Радикалниот муслиман кој вчера нападна војници на парискиот аеродром Орли носел канта безин и викал дека „ќе умре за Алах“, објави парискиот обвинител, Франсоа Молан.
Војниците кои биле сведоци на нападот, велат дека тој вперил воздушен пиштол во главата на војничката и викнал: „Фрлете го оружјето. Ставете ги рацете зад главата. Тука сум за да умрам за Алах. Вака или онака, ќе има мртви“.
Но, тие пукале и го убиле напаѓачот кого Молан го идентификуваше како Зеид бен Балгаце. Обвинителот соопшти дека во поврзаност со инцидентот се уапсени три лица.
Молан рече дека е отворена терористичка истрага, поради изборот на метата и доказите дека Белгацем бил радикализиран.
Полицијата ги привела братот и таткото на напаѓачот, соопштија судски извори, истакнувајќи дека тоа е рутина во вакви ситуации.
Западниот терминал на аеродромот „Орли“ повторно бил отворен вчера попладне, а јужниот терминал каде што се случил нападот е делумно затворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Убиецот од Торонто е 29-годишниот Фаисал Хусеин кој бил ментално болен
-
Жена-херој застрела вооружен напаѓач кој напаѓал мајки што носеле деца во училиште (видео)
-
Москва: Специјалци влегоа во фабриката, приведен напаѓачот
-
Напаѓачот кој уби 27 лица во црква во Тексас сметал дека „верниците се глупави“