| четврток, 6 декември 2018 |

„Господин Меморија“: На Доминик му е забранет влез во сите коцкарници

 

Доминик О’ Брајан е познат како човек со совршена меморија и токму поради тоа му е забранет влезот во коцкарниците во Лас Вегас. Овој 59-годишен човек во период од десет години осум пати го освоил Светското првенство во паметење и е Гинисов рекордер. Во Велика Британија е познат како Господин Меморија.

– Мозокот е посовршен и покомплициран од компјутер, а кога сме се родиле не сме добиле упатства за него, вели тој.

Како дете доживеал силен удар во главата и смета дека тоа влијаело на неговата способност за паметење. Во детството имал одредени проблеми за кои вели дека ги надминал со креативно размислување.

gos

Училиштето го напуштил на 16 години, а со проучување и мемориски вежби започнал да се занимава сосем случајно на 30 години, откако на телевизија видел како еден човек меморира карти за краток временски период.

По една година и самиот се нашол во Гинисовата книга на рекорди, а оттогаш почнуваат неговите успеси поврзани со меморијата.

– Не постојат граници, во ова можеш брзо да напредуваш ако работиш напорно, вели тој.

dominik

Има напишано неколку книги во кои ги пренесува своите знаења и техники на паметење. Денес се занимава со тренирање на разни експерти, јавни личности и студенти покажувајќи им како да си ја подобрат меморијата и когнитивните способности. И додека ќе остане запаметен како човекот со најдобра меморија, тој не може да си ја проба среќата во коцкарниците во Лас Вегас, но и во светот.

– Во повеќето коцкарници во светот знаат за моето фотографско паметење и влезот ми е забранет. Но, тоа и не е толку голема трагедија, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top