| четврток, 6 декември 2018 |

Кога им ја кажал својата идеја за бизнис сите му се смееле, а сега од неа заработува 10 000 долари месечно (Видео)

Кога младиот американец Алекс и ја кажал на својата девојка идејата за бизнис, таа веднаш му одговорила дека тоа е најглупавото нешто што го слушнала. Освен девојката и неговите пријатели имале слично мислење за неговата идеја, дека е многу лоша.

Тој дошол на идеја, која подоцна и ја остварил, да пишува и испраќа пораки напишани на компири за кои ќе наплатува по 10 долари од компир.

Како што вели, луѓето почнале да нарачуваат пораки за родендени, годишнини, матурски и за чудо, работата тргнала, па тој секој ден имал се поголем број на нарачки.

Сега месечно од компирите со пораки Алекс заработува по околу 10 000 долари, а тоа му одзема помалку од еден час во денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top