| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Посакуваме победа, но треба да бидеме претпазливи со Нексе

lino-cervar

Екипата на Металург во вторник (20.30 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ се соочува со Нексе од Нашице, а стратегот Лино Червар предупредува дека се работи за квалитетен тим и дека младите „металурзи“ не смее да се залетаат по двете победи. Тимот од Автокоманда во Лигата на шампионите го совлада Елверум, додека во СЕХА на последниот меч славеше над Татран Прешов. Сега, следи меч со незгодниот хрватски тим, за кој Червар има само пофални зборови.

– По тешкиот меч во ЛШ следи дуел против Нексе. Имаме напорен распоред, но тоа е дел од спортот и го прифаќаме. Нексе е наш добро познат противник, имаат изменет состав, спој на младост и искуство. Таму се доста млади ракометари, но ги имаат и Шпилер и Зрниќ. Тие се сериозна екипа која веќе неколку години во СЕХА бележи добри резултати, знае да биде тврд орев. Можеби не сме доволно подготвени, но ќе напаѓаме да дојдеме до добар резултат. Ќе им дадеме шанса на сите ракометари. Нексе има брза транзиција и цврста одбрана, ќе мора да внимаваме на нивната контра – изјави Червар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top