| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер сити остана без Де Бруин во следните 30 дена

de-bruin-povreda

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити остана без еден од своите најдобри фудбалери, Кевин де Бруин, во наредните триесетина дена. Тој заработи истегнување на бутниот мускул на саботниот меч од Премиерлигата против Свонси и беше заменет во 81. минута, а лекарските прегледи покажаа дека повредата воопшто не е сериозна.

Според ова, Де Бруин нема да може да настапи за Манчестер сити на дуелите против Селтик в среда во ЛШ, како и против Тотенхем и против Евертон во Премиерлигата, а неизвесен ќе биде и за патувањето на „Камп ноу“ и соочувањето со Барселона во елитното европско клупско натпреварување.

Де Бруин нема да може да биде дел и од репрезентацијата на Белгија на претстојните квалификациски натпревари против Босна и Хецеговина и против Гибралтар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top