Наташа Кампуш, која осум години беше силувана, злоупотребувана и затворана од страна на Волфганг Приклопи, ја поседува куќата каде што тој ја чуваше.
Австриецот ја киднапира кога Кампуш имаше осум години и ја држеше во подрумот на неговата куќа во Виена како роб, ја тепаше и изгледнуваше, сѐ додека во 2006 година таа не успеа да побегне. Истиот ден 44-годишниот Прикопи се фрли под воз и си го одзеде животот.
Денес 28-годишната Наташа, која се уште посетува психијатар и е на терапија, секојдневно ја посетува куќата од пеколот, се грижи за неа и ја одржува, исто како што цели осум години го правела тоа под закана. Во интервју за емисијата „Сандеј најт“, таа ја прошета новинарката во куќата во која дури и престојува за време на викендите.
Кампуш вели дека не сака да ја продаде ниту запали таа куќа затоа што не би сакала да се претвори во тематски парк или знаменитост. Според неа, таа куќа и делува терапевтски на позитивен начин.
Нејзините психијатри, пак, ѝ советуваат да се ослободи од минатото и да продолжи понатаму, поточно да ги продаде и куќата и автомобилот кои киднапероти ѝ ги оставил во наследство.
За Кампуш, Прикопил имал две страни – една црна и шизофрена страна на брутален човек без ронка совест и друга, страна на храбар и згоден човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)