Еден од двајцата играчи на Манчестер Сити кој најмногу покажа од почетокот на сезоната, Кевин Де Бруин, најверојатно ќе отсуствува од зелените терени околу еден месец поради повреда која ја заработи на вчерашниот дуел против тимот на Свонси.
Тоа ќе значи дека Де Бруин ќе го пропушти натпреварот од Лигата на Шампионите против Селтик, како и средбите од Премиер лигата со Тотенхем и Евертон, квалификациите со Босна и Херцеговина и Гибралтар со репрезентацијата на Белгија, а можеби и најважниот од овие дуели – гостувањето нма Сити кај Барселона на 19 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.