Може слободно да се каже дека Втората Светска Војна беше најкрвавиот настан во историјата на човештвото. Во тие години за време на војната, се проценува дека животот го изгубиле над 60 милиони луѓе, што е околу 3 проценти од светското население кое тогаш броело околу 2,3 милијарди луѓе.
Кога на таа бројка ќе се додаде цифрата од околу 20 милиони мртви од глад и болести, како директен резултат на војната, бројот на жртвите се зголемува на над 80 милиони луѓе.
Најмногу луѓе изгубиле Советите, некаде помеѓу 26 и 27 милиони, а нацистите убиле околу 5,7 милиони Евреи. Во Југославија бројот на жртвите се проценува помеѓу 1,4 и 1,7 милиони. Сите овие бројки се горе-долу познати на јавноста.
Но ретко се говори дека и Кина за време на Втората Светска Војна изгубила околу 15 милиони луѓе. Најголем дел од нив, околу две третини, умреле од глад и болести предизвикани од војната. Останатите биле убиени од страна на Јапонија во Втората Кинеско-Јапонска Војна, која траела од 1937 до 1945 и која стана дел од Втората Светска Војна по јапонскиот напад на Перл Харбор.
Од самиот почеток на војната во Кина дејствувал војничкиот оддел “Кватунг“ за спречување на епидемии и прочистување на вода, jапонска единица која била одговорна за некои од најголемите злосторства во историјата на човештвото. Во 1941 година, одделот станал познат како “Единица 731”, во чии изопачени експерименти до крајот на војната биле убиени илјадници луѓе.
Единицата била формирана со цел тестирање на биолошко и хемиско оружје, за преку војната да го прошири својот арсенал. Таа делувала во комплекс од шест километри квадратни, кој бил изграден во кинеската област “Пингфанг“, односно Харбин, тогаш најголемиот град во државата Манчуко.
Експериментите главно се вршеле врз „несоодветното“ локално население (луѓе со пречки во развојот), кои биле наречени “стебла” со оглед на тоа дека локалните власти ја продавале приказната дека големиот комплекс за експериментирање со луѓе, всушност бил пилана.
Операции и ампутации “на живо”
Над десетици илјади луѓе хирурзите вршеле ампутација на екстремитетите, обично без анестезија и без намера луѓето да преживеат. На овој начин тие биле во можност да ја набљудуваат загубата на крв, а отсечените екстремитети се користеле за шиење на некој друг дел од телото, со цел да се следи однесувањето на организмот. Таквите ампутации обично биле резервирани за кинеските комунисти кои Јапонците ги презирале.
Други, пак, се заразувале од разни болести, а потоа тие оперативно се отворале, со цел да се следи напредокот на болеста. Некои од нив ваделе и по цели органи, а тоа се одвивало “на живо“ без анестезија.
Убиства на болните цивили
Во своите комплекси, членовите на “Единицата 731 “на затворениците им вбризгувале различни болести, со објаснување дека им даваат вакцина. Тие беа заинтересирани за ефектите од сексуално преносливите болести, па затворениците биле заразуванисо сифилис и гонореја.
Во особено ранливите кинески области, Јапонците фрлале пакети со заразена храна и облека. Илјадници цивили умреле од чума и колера.
Сексуално преносливи болести, присилен секс и присилна бременост
Откако голем број на затвореници биле заразени со сексуално преносливи болести со инјекција, Јапонците се одлучиле болеста да продолжи да се шири по “природен” начин, преку секс.
Сите оние кои не се согласувале на секс биле стрелани. Телата на инфицираните, хируршки се “отворале” во различни фази на болеста, со цел да се набљудуваат внатрешните и надворешните органи. Многу жени биле принудени да забременат, за да може да се следи преносот на болеста од мајката на детето, стапката на преживување на фетусот, како и штетното влијание на репродуктивните органи на мајката. Иако во комплексот “Единицата 731” биле родени многу деца, ниедно од нив не излегло живо.
По војната
Сите оние кои учествувале во работата на “Единицата 731” морале да ветат дека се што виделе и се што работеле “ќе го понесат со себе во гроб“. Кога се повлекле од Кина, Јапонците се обиделе да го уништат целиот комплекс, кој се состоел од 150 згради, но во тоа не биле успешни, затоа што градбите биле изградени исклучително квалитетно и цврсто.
Повеќето од нив никогаш не биле осудени, а јапонската Влада никогаш не се извинила за злосторствата во “Единицата 731“, ниту на семејствата на жртвите им дозволила идентификација и соодветен погреб. За ужасните злосторства што се случиле таму, во јапонската јавност почнало да се зборува дури на почетокот на 80-тите години на минатиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)