Британски хакер е уапсен од полицијата под сомнение дека упаднал во корисничката сметка на Пипа Мидлтон, сестра на принцезата Кејт. Тој на таблоидот „Сан“ им понудил за 50 илјади фунти да им продаде илјадници слики од Пипа со нејзиниот свршеник, а имало материјали и од кралското семејство од Кејт и Вилијам, како и од нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Засега нема информации дали хакерот ги сочувал сликите на други места и на кој се ги нудел, но ништо од споменатите материјали засега не е објавено на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.