| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев доби црвен картон, Џенова изигра нерешено со Пескара (Видео)

pandev-genova

На Горан Пандев засега не му оди најдобро во Џенова. Веднаш по првото коло беше преселен на клупата, а во минутите кои ги добива наместо да се избори за враќање во стартниот тим, тој уште повеќе се одалечува од него. Денес на мечот против Пескара, Пандев во игра влезе на почетокот на второто полувреме, а брзо потоа Симеоне донесе водство на Џенова од 1-0.

 Во 74. минута Џенова остана со играч помалку откако Еденилсон заработи втор жолт картон. Само три минути подоцна Пандев направи непромислен потег, па порад неспортско однесување, пцовка кон судиите, заработи директен црвен картон и го остави својот тим со двајца фудбалери помалку.
Тоа го искористи Пескара и со гол на Манај во 86. минута дојде до бод.
Интер не успеа да ја забележи и третата победа во серија откако одигра само 1:1 на свој терен против Болоња.
Болоња имаше водство со гол на Дестро, a Интер преку Перишиќ успеа само да изедначи.
Лацио со 2:0 го победи Емполи, a Сасуоло со 1:0 славеше над Удинезе.


Goran Pandev Red Card Geona 1-0 Pescara 25.09.2016 by Fiksalsport

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top