| четврток, 6 декември 2018 |

Билатерални средби на Димитриев во Виена – политичката криза да заврши со избори

dimitriev-cerar1

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, на маргините на вчерашниот Самит „Миграцијата на балканската рута“ што се одржа во Виена одржа и голем број билатерални средби со дел од присутните европски лидери. Македонскиот премиер се сретна со австрискиот канцелар Кристијан Керн, кој беше домаќин на Самитот, како и со претседателите на Владите на Унгарија, Виктор Орбан, на Словенија, Миро Церар и на Хрватска, Тихомир Орешковиќ.

dimitriev-kern

Според информациите од овие средби, покрај главната тема миграцијата, која беше и целта на вчерашниот Самит во Виена, а за што соговорниците на македонскиот премиер му го пренеле задоволството од тоа како Република Македонија досега се справува со бегалската криза, исто така е разговарано и за унапредување на и онака добрите односи што македонската држава ги има со Австрија, Унгарија, Словенија и Хрватска.

dimitroev-cerar

Токму од овие четири земји-членки на Европската унија, Македонија доби најголема поддршка во справувањето со бегалската криза, а истите стандардно даваат поддршка и инсистираат на брза интеграција на Република Македонија во Европската унија.

dimitriev-oreskovic1

– Од сите колеги од земјите-членки на Европската унија со кои се сретнав беше искажана недвосмислена поддршка за македонско членство во ЕУ. Исто така, тие ни даваат поддршка и во справувањето со мигрантите и очекуваат дека политичката криза во Македонија ќе заврши со одржување на изборите во декември.

dimitriev-oreskovic

Според нив, во ситуација на мигрантска криза, Македонија со една стабилна влада ќе може поквалитетно да се справи со предизвиците и ќе биде покредибилен партнер на Европската унија, бидејќи со многу посилен фокус и енергија земјата ќе може да се концентрира на оваа проблематика, изјави премиерот Димитриев по средбите во Виена.

dimitriev-orban

Инаку, на вчерашниот Самит за бегалската криза во Виена, на кој беа присутни десет шефови на држави и влади на земји по западнобалканската мигрантска рута, меѓу другите присуствуваше и германската канцеларка Ангела Меркел, при што е договорено да остане целосно затворена рутата на која централна земја е Република Македонија, како и дека македонската држава е дел од конечното решение на оваа криза со која веќе две години се соочува европскиот континент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top