– Девет часа морав да стојам во преминот, да седам на местото за стјуардеси кога ги немаше, а во последната фаза на летот одлучив да седнам на своето место и да страдам, бидејќи патникот до мене се прелеваше на мојата страна – рекол адвокатот за „Матино Падова“.
Дестро, кој често лета со авион побарал 2.759,52 евро компензација – 759.51 евра за картата и уште 2.000 евра отштета.
Дестро, кој претходно работел за италијанскиот конзулат во Јужна Африка, во текот на измачувачкиот лет снимил селфи кое ја прикажува раката на неговиот сопатник како преминува преку седиштето, и како тој самиот „стиснато“ седи,
Портпаролот на авиокомпанијата„ Емирати“ рекол дека не може ништо да коментира, бидејќи случајот завршил на суд. Сослушувањето е закажано за 20 октомври во Падова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.