Четири лица загинаа, а едно е посериозно повредено во престрелка што се случи во трговски центар во градот Берлингтон во американската сојузна држава Вашингтон. Вооружениот напаѓач побегна, соопшти полицијата.
Инцидентот се случи синоќа во трговскиот центар „Каскејд“ во Берлингтон, околу 105 километри северно од Сиетл.
– Полицијата активно трага по напаѓачот, латиноамериканец облечен во сива облека, изјави портпаролот на Државната патрола во Вашингтон, Марк Френсис.
Загинати се четири жени, додека повредениот маж е во критична здравствена состојба.
– Во Вашингтон синоќа се случи трагедија. Нашите срца се во Берлингтон, напиша на Твитер гувернерот на Вашингтон Џеј Инзли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.