Долгометражниот игран филм „Игла под прагот“ („Igla ispod praga“) е одбран за црногорски кандидат во трката за Оскар за 2016 година, соопшти црногорското министерство за култура.
Една од главните улоги во филмот ја игра нашиот актер Никола Ристановски, кој уште еднаш покажа дека е навистина брилијантен актер.
„Одлуката е донесена со мнозинство на гласови преку тајно гласање во согласност со правилата на Американската академија“, се вели во соопштението.
Кон крајот на годината црногорското министерство ќе организира промоција на филмот во Лос Анџелес.
„Настојував да направам комуникативен филм кој секој може да го разбере. Ќе видиме колку овој филм ќе ми отвори врати за нов. Најтешко е како дебитант од една мала кинематографија да ги убедам селекторите да го погледнат, бидејќи за тоа не постои системска поддршка, туку сето тоа се индивидуални напори“, изјави младиот режисер Иван Мариновиќ на премиерата на филмот во Херцег Нови.
На годинешниот јавен конкурс кој беше отворен од 26 ти јули до 15 септември, беа пријавени два филма “Игла испод прага“ и „ Испод моста, меѓу стјенама“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)