-На наше задоволство во моментов во собраниска процедура е Законот за вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии. Овој проект кој што беше промовиран пред неколку месеци произлезе како идеја од млади луѓе на трибините предводени од Унијата на млади сили кои беа наменети за собирање на идеи за изборната програма. Најдобрите 100 студенти веднаш по завршувањето на образованието ќе добијат работа и сигурна егзистенција, вели Лука Кржаловски, претседател на градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Од секоја учебна година, почнувајќи од 2017 година, 100-те најдобри студенти кои дипломирале на петте прворангирани државни универзитети во Македонија, ќе бидат вработени во согласност со нивните компетенции и потребите од кадри во различни институции.
-Ќе се подготви методологија за рангирање согласно просечната оценка во текот на студирањето која ќе има околу 70% удел во конченото рангирање. Поседување на меѓународен сертификат за еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ издаден од официјалниот европски тестатот ќе има удел до 20% во рангирањето, трет критериум ќе биде навремено завршување на додипломските студии. Четврти критериуми се меѓународните признанија и награди кои што ги стекнал студентот за време на студиите, појасни Кржаловски.
Секоја година од прво рангираниот државен универзитет ќе бидат земени 30-те најдобри студенти. Од второ рангираниот првите 25, од третиот 20-те, од четврто тангираниот 15 и од петто рангираниот 10-те најдобри студенти.
-УМС на ВМРО-ДПМНЕ е младинска организација кој е во дослух со младите и се грижи за подобрување на стандардот на младите во Македонија. Ние ги поздравуваме напорите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ овој проект да биде спроведен во најбрз можен рок бидејќи оваа мерка е одлична за сите оние кои што вложиле труд и време во своето образовно и интелектуално надградување што резултира со можност со развој на кариерата во државна институција и свој личен придонес во развојот на Република Македонија, заклучи Кржаловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)